еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фон дер Лајен потсети за уставните измени, не кажа дали се можни со одложено дејство

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула Фон дер Лајен која беше во неколку часовна посета на Македонија потсети дека условот за официјален старт на преговорите со Европската унија (ЕУ) ќе се случи кога ќе се донесат уставните измени. Не одговори дали истите се можни со одложено дејство, како што заговара Владата.

„Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени за кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро.

Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат,“ рече Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.

Таа додаде дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на ЕК во следните пет години.

„И навистина сакам да ја пофалам Северна Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи,“ рече Фон Дер Лајен.

Мицкоски изјави дека визијата на Владата е јасна, Македонија сака да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права.

„Свесни сме дека пред нас стојат значајни предизвици. Реформите кои ги спроведуваме во областите на правосудството, борбата против корупцијата, економскиот развој и зајакнувањето на институциите се клучни за нашата иднина. Овие промени не се само услов за членство во ЕУ, туку се неопходни за подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Владата високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ.

Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ.

Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката. Веруваме во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани,“ рече Мицкоски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

60-годишник од Скопје почина од сезонски грип

Редакција

Детална листа на сите вработени и советници во Кабинетот на Заев и нивните плати

Редакција

Справувањето со корупцијата во Македонија, приоритет на САД за годинава, најави американската амбасадорка Агелар

Редакција