Хотелот Молика на Пелистер ќе добие спа центар, информираат од ЕСМ Молика.
Санирана е целокупната застарена водоводна инсталација и инфраструктура од зафатот во Ротинска река до резервоарите за вода и системот за дозирање со резидуален хлор, како и базенот во кој се влива оваа вода, во непосредна близина на хотелот.
Тоа е предуслов за изградба на спа центарот, а паралелно се работи и на обезбедување на потребната документација од надлежните државни институции и од Општина Битола за почеток на градежните работи.
Покрај спа центар, предвидена е изградба и на фитнес сала со поглед на моликовата шума.
За првпат откако постои лани овој хотел работел со добивка, а неодамна беше и реновиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Се реновира хотелот Молика на Пелистер
Фото: ЕСМ/хотел Молика/Фејсбук