Од вечерва на полноќ цената на бензините се намалува до 1 денар, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денар за литар, а цената на бензинот Еуросупер БС-98 за 1 денар за литар.
Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 73,50 денари за литар, а бензинот Еуросупер БС-98 за 75,50 денари за литар.
Цените на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 денар за килограм и сега ќе изнесува 41,328 денари за килограм.
Дизел горивото сега ќе се продава за 67 денари за литар, а маслото за горење за 66 денари за литар.