Утре, петок (19.01.2024 година), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
И в сабота (20.01.2024 година) ќе се вози по неделен возен ред, со исклучок на посочените линии, кои ќе функцинираат по саботен возен ред.
Утре, петок (19.01.2024 година) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, а в сабота (20.01.2024 година) сите ќе работат со вообичаеното работно време.
Жичницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.