Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, на кого Министерството за внатрешни работи му забрани влез во Македонија, финансира ново бугарско здружение во Битола, „Балкански мост“.
Тој беше главниот финансиер и на затворените т.н. бугарски клубови, „Цар Борис Трети“ во Охрид и „Ванчо Михајлов“ во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Милен Врабевски на кој МВР му забрани влез во Македонија
Независен објави дека здружението, засега нема отворено седиште, ниту пак има закупено објект.
Но, како што се гледа на официјалната страна на истото на Фејсбук, истото веќе има активности, финансирани од Врабевски и неговата фондација „Бугарска меморија“.
Формирано е пролетта минатата година, а претседател е битолчанецот Љупчо Јошевски, вработен во РЕК Битола, објави Независен.
Новото здружение, според негови активисти ќе било фокусирано на културата, образованието и традицијата.
Фото: Фејсбук/„Балкански мост“