По трет пат семејствата на загинатите во пожарот во Кочани и граѓани денеска маршираа низ градот порачувајќи дека правда мора да има, дека нивните деца ги уби алчноста на поединци, но и дека не се задоволни од досегашната истрага.
Уште еднаш порачаа дека ако институциите навремено си ја вршеле работата, немало до дојде до оваа трагедија.
Во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани загинаа 62, а беа повредени 203 лица.
Со истрагата досега се опфатени 59 лица и три правни лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Живееме за да одиме на гробишта, правда мора да има“, вели мајка на загинат во пожарот во Кочани
Фото: Фејсбук/видео: ТВ Стар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.