еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, потврдија и од АХВ

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денеска спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење, информираат од таму.

Со контролата утврдено е дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа, земени се и мостри за анализи вршење на проширена хемиска и микробиолошка анализа, чии резултати денес уште еднаш ја потврдија безбедноста на водата по спроведената пи си ар метода за испитување на безбедноста на водата од девет најниски критични точки, за што биле добиени негативни резултати.

Хиперхлорирање, утврдено е со контролата на АХВ во јавното претпријатие, не е направено поради извршената проценка на стручниот тим и типот на санација на дефектот кој се вршел во шахти, надвор од водоводна мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По санацијата на водоводната мрежа, водата во Скопје е безбедна за пиење

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во петок и сабота дневни температури над 20 степени

Редакција

Во Грција целосно отворени кафулињата и плажите, ќе се служи и алкохол

Редакција

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Редакција