Синоќа во кафуле на градскиот плоштад во Штип тешко е ранет државјанин на Турција, а објавено е и вознемирувачко видео од инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25 години имал убиениот турски студент во Штип
Тој бил префрлен во болницата во Штип.
Локалната телевизија ТВ Стар јави дека лицето неофицијално починало, а кон него биле испукани осум куршуми. Засега нема официјална потврда на оваа информација.
Неофицијално и лицето кое пукало е државјанин на Турција.
Државјанинот на Турција, кој имал нож, е ранет по расправија со други лица.
Последната информација е дека лицето кое го ранило државјанинот на Турција било пресретнато на наплатната рампа кај Миладиновци од страна на полицијата која отворила оган.
Се трага по напаѓачот, кој е во бегство.
Повеќе детали за тоа што се случило и каде е лицето по кое се трага се очекуваат денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) Уапсен напаѓачот кој уби турски студент во Штип
Официјално: Ранетиот во престрелката во Штип почина, и убиениот и напаѓачот се државјани на Турција
Видео: ТВ Стар