еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во кои градови Лидл ќе отвори маркети

Како што објави вчера ексклузивно еМагазин, Лидл Северна Македонија ќе има маркети и во Тетово и Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО Лидл купи парцели и во Тетово и Кичево

Парцелите во овие два града се веќе купени и заведени во Катастар.

Освен таму Лидл сигурно ќе има маркети и во Скопје, во Општина Гази Баба, Кавадарци и Битола.

Маркетот во Битола треба да биде готов летово, во Кавадарци се уште не почнал да се гради, а во Скопје почнаа подготвителните работи, откако Лидл од Скопски пазар го купи објектот каде што беше Бриколаж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски пазар му продаде имот на Лидл во скопска Гази Баба

Во Куманово пак Лидл почна да гради логистичко-дистрибутивен центар кој ќе биде регионален.

Лидл, имајќи ја во предвид неговата стратегија, сите маркети во Македонија, ќе ги отвори заедно, најверојатно следната година или во 2026 година.

Официјална информација за тоа од компанијата нема.

Во 2021 година Лидл првично најави дека ќе има маркети во седум градови и неколку во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Како изгледа канцеларијата на “Лидл“ во Скопје

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

(Фото) Лидл почна со изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во Куманово, ќе користи струја од обновливи извори, а отпадот ќе го рециклира

Фото: Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски е „рационален оптимист“ за тргнување на ветото од Бугарија

Редакција

Средба Мицкоски-Азески: Време е за обединување и нов економски договор за иднината на државата

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Во Газа убиени 2.055 деца за неполни три недели

Редакција