еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ги известивме партнерите за „неиспровоцираните провокации” од функционери на Македонија, велат од бугарското МНР за изјавата на Николоски

Бугарија остро реагираше на изјавата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, кој за телевизијата Алфа, коментираше за изоставувањето на македонското знаме на средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот колега Румен Радев, во Софија, Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков, тврди и дека Муцунски одбил средба со неговиот колега

-Домаќинот веројатно ниту е цивилизиран, ниту е пристоен, ниту има каква било почит. Помизерни од нив, се само нашите домашните слуги. Тоа се истите кои потпишаа дека имаме заедничка историја, дека нашиот јазик е дијалект, дека нема да влеземе во ЕУ, ако не прифатиме дека сме Бугари…

Е истите тие сега зборуваат за патриотизам, рече Николоски, кој подвлече дека не било работа на Сиљановска Давкова да проверува дали има знаме или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал, објасни Сиљановска Давкова за инцидентот во Бугарија

-Војни водат држави, па седнуваат на преговори, па знамиња има од двете држави од каде доаѓаат. Минимум пристојност е да го ставите знамето на државата од каде доаѓа претседателот. Минимум човек треба да е нормален за тоа да го сработи.

Најмалку треба да се очекува од претседател на држава да оди таму и да гледа каде има, а каде нема знамиња. Тоа не е работа на претседателката Силјановска Давкова, туку на домаќинот Радев да покаже минимум пристојност, рече Николоски.

Од бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопштија дека ги известиле партнерите за „неиспровоцираните провокации” од функционери на Македонија, чија цел, според Бугарија е да се наруши дијалогот.

Во соопштение на бугарското МНР се вели дека се неприфатливи последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од функционери на Македонија и дека категорично одбиваат да се вклучат во таков неевропски тон, неспоив со доброто воспитување.

-Во врска со последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од официјални лица на Република Северна Македонија, категорично одбиваме да се вклучиме во таков неевропски, неспоив со доброто воспитување тон.

Нашите партнери се известени за неиспровоцираните провокации, кои имаат за цел да го нарушат дијалогот. Уште еднаш потсетуваме дека развојот на добрососедските односи е клучен за европската иднина на Република Северна Македонија, се вели во истото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Радев посетата на Сиљановска Давкова не била ниту државна, ниту работна, затоа го немало македонското знаме

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Кој е бугарскиот амбасадор Радуков, кој одби да ја прими протесната нота на МНР за македонското знаме

Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Пирин во Бугарија пронајден починат турист по потекло од Македонија

Редакција

Пали Колефски реизбран за градоначалник на Пустец

Редакција

И во Гостивар девет лица се затруле од храна од ист локал

Редакција