еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До утре дожд, од недела стабилизација на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни проследени со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи.

Во сабота во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа, во следните денови, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Демерџиев лично ја предводел полицијата во Благоевград на денот на отворањето на македонскиот клуб

Редакција

Нови 280 случаи на Ковид-19 од 3.929 тестирања

Редакција

Нови 273 случаи на Ковид-19 од 2.799 тестови, 45 се реинфекциии

Редакција