еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

И денеска со температури над 40 степени, од утре дестабилизација

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура на места и над 40 степени поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Од денеска во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме.

За време на викендот ќе биде нестабилно на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Груевски во судница во Будимпешта со „стил“ ја чека одлуката: Капа, очила за сонце и лисици на рацете

Редакција

Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(ВИДЕО) Триесетина партии се обединија за позитивен исход на референдумот

Редакција