еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Антонио Милошоски, кој е избран за потпретседател на Собранието

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски стана еден од тројцата нови потпретседатели на македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

Тој се уште нема положено заклетва, а на свечениот чин од пред неколку денови не дојде поради тоа што бил болен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бендевска се заколна во “РС Македонија“, Милошоски не, бил болен

Другите двајца потпретседатели се Весна Бендевска од ЗНАМ и Јован Митрески од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Весна Бендевска, која е избрана за потпретседател на Собранието

Кој е Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Милошоски кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник во претходниот мандат.

Сега ќе треба да достави нов.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

Како заеднички имот пријавил стан во Скопје, а на име на децата стан во Ахен, Германија.

Како заеднички имот навел и хартии од вредност, на име на сопругата сопственички удел (не навел каде), а на свое име и на име на сопругата животно осигурување.

Неговата сопруга зема и месечен додаток за трето дете.

На свое име пријавил и приходи од кирија од станот во Германија.

Како заеднички пријавил два заема, за кои нема податок кога треба да ги врати, како и кредит од над 2 милиони денари, кој треба да го вратат до 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Антонио Милошоски, кој е избран за потпретседател на Собранието

Каков имот пријавил Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието

Каков имот пријавила Весна Бендевска, која е избрана на потпретседател на Собранието

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Албанецот од Македонија кој ја уби сопругата во Австрија, бил подржувач на Исламската држава?

Редакција

Возачот на косовскиот автобус, во кој вчера во Хрватска загинаа 10 лица, може да добие 15 години затвор

Редакција

„Еси времено вработување“ го доби тендерот на Министерството за труд за привремени вработувања вреден 68.000 евра

Редакција