еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Борко Ристовски, кандидат за министер за спорт

Ракометарот Борко Ристовски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер за спорт. Министерството за спорт е едно од четирите нови министерства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада

Кој е Ристовски

Роден е на 2. ноември 1982 година во Скопје.

Тој е дипломиран економист. Дипломирал на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Зборува португалски, шпански, англиски и германски јазик.

Спортска кариера и работно искуство

Од 2023 до 2024 година е извршен директор на ракометниот клуб (РК) Вардар.

Од 2021 до 2023 година (со паузи) е ракометар во РК Вардар.

Од 2022 до 2023 година е ракометар во РК Лемго во Германија.

Од 2018 до 2020 година е ракометар во РК Барселона во Шпанија.

Од 2015 до 2016 година е ракометар во РК Rhein-Neckar Lowen во Германија.

Од 2014 до 2015 година е ракометар во РК Кретил во Франција.

Од 2013 до 2014 година е ракометар во РК Al Ahly во Египет.

Од 2011 до 2014 година бил ракометар во РК Гумерсбах во Германија.

Од 2003 до 2010 година (со паузи) е ракометар во РК Металург во Скопје.

Од 2007 до 2008 година е ракометар во РК Алгецирас во Шпанија.

Од 2006 до 2007 година е ракометар во РК Тесго во Шпанија.

Од 1998 до 2001 година (со паузи) е ракометар во РК Југ во Скопје.

Од 1999 до 2000 година е ракометар во РК Македонија.

Признанија

Во 2017 година доби Медал за заслуги за Македонија од страна на македонскиот претседател.

Во 2012 година доби Орден за почесен граѓанин на Република Македонија од македонскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Златко Перински, кандидат за министер за локална самоуправа

Кој е Бесар Дурмиши, кандидат за министер за економија и труд

Кој е Игор Филков, кандидат за министер за правда

Фото: Ристовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И ако пропаднат уставните измени, Ковачевски нема да си поднел оставка

Редакција

Пожарот на Галичица деновиве ќе ја намалува својата кулминација, велат од Националниот парк

Редакција

(Фото) Македонскиот стјуард Илија Каниковски е новиот амбасадор на „Виз ер“ во Македонија

Редакција