еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој сѐ освен Катица Јанева и Стевчо Јакимовски е на “црната листа„ на САД

Американскиот Стејт департмент вчера ги стави поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на скопски Карпош и кандидат за претседател на државата на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на „црната листа„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Градоначалникот Стевчо Јакимовски ставен на „црната листа“ на САД

(Фото) И Катица Јанева на „црната листа“ на САД

На листата завршија и синот и сопругот на Јанева, како и двата возрасни синови на Јакимовски.

Кој се им прави друштво

Лани на листата беше ставен и бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Претходно заедно со фирми поврзани со нив на т.н. црна листа за Македонија беа додадени и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина Самсоненко и мајката на македонскиот бизнисмен, Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева.

На листата е и бизнисменот Орце Камчев, како и уште еден градоначалник, на Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ.

Тој заедно со неговото семејство заврши на листата поради корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судски случаи.

Поради корупција на “црната листа“ завршија и поранешниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, како и нивните потесни семејства.

„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјата и ја намалија вербата на јавноста во владата“, соопштија од Стејт департментот.

Според Стејт департментот Груевски бил вмешан во коруптивни дејствија при што го користел своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист.

„Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил својата положба за да бара и прима мито заради владини договори, за незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политички полза за себе и за неговата партија“, соопшти Стејт департментот.

За Мијалков од таму велат дека во својство на директор на УБК бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучувале користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист.

Според Стејт департментот, постојат веродостојни информации дека Мијалков го злоупотребил овластувањето од функцијата за да бара поткуп за склучени договори.

Тој, исто така се мешал во изборните процеси во своја и во корист на политичката партија.

На “црната листа“ на САД е ставена и фирмата која што Груевски ја отвори во Унгарија, каде по бегството доби политички азил.

Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD, која што е отворена во 2021 година, а Стејт департментoт ја поврзува со Груевски.

На листата од претходно се наоѓаат и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.

Повеќето од нив се ставени на оваа листа за време на администрациите на Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот, а најголемиот дел се поранешни припадници на ОНА и АНА, а дел се и поранешни пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на Македонија на ГРОМ

Кои македонски компании освен “Сајтрокс“, се под санкции на САД или се на „црната листа„

Заев и Рашковски во образложението зошто црногорски бизнисмен е ставен на црната листа на САД

Фото: Унсплеш/Фејсбук/Груевски/Мерко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Пари за плати за здравствените работници има, сајбер-нападот е да се направи блокада на клучните витални системи во државите

Редакција

34-годишен Битолчанец загина во сообраќајна несреќа

Редакција

Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој е прогласен за виновен во кривична постапка

Редакција