еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија може да профитира од рецесијата во Германија, на германските компании во земјава им фали стручен кадар

Компаниите од Германија кои работат во Македонија ја оценуваат бизнис климата во земјава како добра, најмногу им фали стручен кадар, што е и една од причните за благ пад на инвестициите на германските компании, покажува традиционалната анкета на Македонско – германското стопанско здружение, спроведена помеѓу меѓу германските инвеститори и компании во земјава.

Според истата 37% од нив изјавиле дека имаат намера да ги намалат планираните тековни инвестиции, 33% да ги остават на исто ниво, 30% да ги зголемат, а 69% од компаниите изјавиле дека повторно би инвестирале во државава.

Анкетата покажува дека 70% од германските компании во Македонија сметаат дека недостигот на стручни кадри е еден од најголемите ризици, 57% проценти сметаат дека и трошоците на работењето се еден од факторите за ризик, а 47% сметат дека влијае и економско-политичката ситуација.

Директорката на АХК Северна Македонија, надлежна и за Албанија и Косово, Антје Ванделт, на презентацијата на резултатите од анкетата, рече и дека Македонија може да профитира од тоа што Германија е во рецесија.

– Можеме да кажеме дека едноставно во Германија дојде до рецесијата поради тоа што се префрла производството од Германија, така што директно можеме да кажеме дека Македонија може да профитира од рецесијата во Германија, односно германските компании бараат други пазари каде што можат да ги префрлат своите цели производни процеси.

Тоа и се случува. Затоа имаме и големи реинвестиции од страна на скоро сите германски инвеститори коишто се во земјата и сега засега тоа се одвива многу позитивно. Наша проценка е дека тоа и во иднина ќе продолжи така – да се префрла се повеќе производството наваму, рече таа.

Во Македонија работат повеќе од 200 германски компании кои вработуваат над 20 илјади вработени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Снимка од дрон покажува што и направи пожарот на Евија

Редакција

Бројката на починати во пожарот во ковид-центарот во Тетово се зголеми на 14, првично нема медицински персонал меѓу загинатите, велат од Обвинителство

Редакција

Месо има доволно и засега нема да поскапи, тврдат производителите

Редакција