еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

МНТ ги отвора вратите за семејствата на повредените кои се лекуваат во Скопје

Македонскиот народен театар (МНТ) ги отвора вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани.

„Семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите,“ се вели во соопштението.

Воедно од таму информираат дека сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22. март 2025 година ќе бидат откажани.

Средствата од купените онлајн билети ќе ви бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155

Црвен Крст отвори број за донации за семејствата на настраданите во пожарот

Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголемиот загадувач-индустријата, лобира за законски измени да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува, велат од Зелен хуман град

Редакција

МВР апелира на внимателност од пожари: Mало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици

Редакција

(Видео) Во пожар во Штип изгореа два стана, полесно се повредени и две лица

Редакција