еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Нашиот молк нема да трае вечно, како вашето судење“, порачаа семејствата на загинатите на новиот марш во Кочани

Денеска во Кочани се одржа седмиот „Марш за ангелите“.

На тивкиот марш семејствата на загинатите и повредените преку транспаренти порачаа дека: „Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се на моќ“,„Не чекајте катастрофа, дејствувајте сега“, „Ефективен притвор“ „Секој може да е следен“, „Системот убива“.

„Нашиот глас е гласот на оние кои трагично заминаа во огнот. Молк што зборува повеќе од илјада зборови, ама нема да трае вечно како вашето судење,“ порачаа родителите.

Маршот започна од Паркот на Револуцијата и продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците се упатија кон општинската зграда, а оттаму и кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски пред неколку денови најави дека за десетина дена треба да заврши истрагата и дека се испрашани над 300 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега на распит биле над 300 сведоци, истрагата за пожарот во Кочани завршува за неколку дена

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) По тепачка потона сплав во Белград, гости пливаа до брегот на Сава

Редакција

Успешно извршена реплантација на десна подлактица на 54-годишниот Џафер Алија, кој при работа си ја исекол

Редакција

Боки 13 барал прием кај Заев, тој му одговорил: „ги видов доказите, ова е чист рекет“

Редакција