еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

На 5. октомври во Крушево песни на Тоше ќе пејат Ламбе, Антониа, Ребека…

На 5. октомври во Градскиот парк во Крушево ќе се одржи традционалниот концерт посветен на Тоше Проески, со кој ќе одбележат 17 години од неговиот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Концертот стартува во 18 часот, а неговите хитови ќе ги пејат Ламбе Алабаковски, Некст тајм, Антониа Гиговска, Ребека, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан Кириловски, Инвиктус бенд, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска.

Овој настан насловен како „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ се одржува од 2008 година, и во неговиот склоп има концерти, крводарителски акции, како и собир на фановите на Тоше.

Фото: Хит рекордс/Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 42: Седум новозаразени со корона вирусот, тројца од Дебар, четворица од Скопје

Редакција

Преминот Рафа кон Газа утре под знаме на ОН, за помошта да влезе на палестинска територија

Редакција

Пад на температурата од петок

Редакција