еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Неколку лица го нападнале Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија

Неколку лица го нападнале Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Инцидентот како што информираа од Министерството за внатрешни работи, се случил во петокот откако тој излегол од угостителски објект каде имал состанок.

Напаѓачите немале маски.

Од ФФМ го осудија нападот, нарекувајќи го кукавички и срамен и изразија најостра осуда.

„Овој чин на насилство е неприфатлив и претставува директен удар врз вредностите на фудбалот, спортот и демократијата, воопшто“, велат од таму и додаваат дека нема да дозволат насилството да стане средство за влијание и дека изборот на раководни лица во Федерацијата се одвива преку легални и демократски процедури, со гласови на делегатите, а не со закани и насилство.

Посочуваат оти Сејдини на оваа позиција е избран на легален начин и дека на истиот начин ќе го заврши или продолжи својот мандат како претседател на ФФМ.

За инцидентот се информирани и раководствата на УЕФА и ФИФА, а од надлежните институции ФФМ очекува да го истражат случајот до крај, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санкционирани 630 лица за неносење маски

Редакција

„Миле издржи и мене не ми е лесно“: Твитер реакции за фотографијата на Груевски од бизнис забава во Будимпешта

Редакција

(Фото) Хероите од цртаните филмови денеска во акција на Клиниката за детски болести

Редакција