еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој е прогласен за виновен во кривична постапка

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој е кандидат за претседател и за престојните претседателски избори во ноември, стана првиот поранешен претседател на САД осуден за кривично дело.

Тој е осуден за фалсификување документи за да се прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

Трамп е прогласен за виновен за сите 34 обвиненија против него, а пресудата за казната ќе биде објавена на 11. јули.

Тој за судењето рече дека е „наместено“ и „срамота“ и дека е „многу невин“, а „вистинската пресуда“ ќе биде донесена на претседателски избори.

„Вистинската пресуда ќе биде на 5. ноември, а ќе ја донесе американскиот народ“, рече тој.

Осуда стигна и од Републиканската партија, чиј кандидат за претседател е.

Фото: Трамп/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 457 заболени од Ковид-19

Редакција

Странски експерти ќе се вклучат за да ги утврдат причините за пожарот во ковид-центарот во Тетово

Редакција

(Фото) Обединети Нации го заменија ПЈРМ со Северна Македонија

Редакција