На синоќешниот собир на Централното собрание на владејачката Алијанса за Албанците (АА) во Куманово, освен двајцата министри, министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, беа присутни и пратениците Халил Снопче и Абдула Халиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари во Куманово доби подршка од 75 членови на Централното собрание, од вкупно 133
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе ја „падне“ ли и техничката влада кавгата на Таравари и Села?
Со тоа се потврди неофицијалната информација, дека на страната на лидерот на АА, Арбен Таравари се двајца пратеници, а шест се на страната на поранешниот претседател, Зијадин Села.
Утре во Скопје треба да се одржи седница на Централното собрание на партијата, по која многу прашања поврзани не само со настапот на АА на престојните избори, туку и за нејзината судбина, ќе бидат одговорени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Илир Демири, предлог на АА за министер за здравство на местото на Фатмир Меџити
Каков имот пријавила разрешената директорка на Пошта, кадар на АА, која застана зад Таравари
Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?
Фото: Таравари/Фејсбук