еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што кажа Лавров за Македонија, името, Македонците, Бугарија, Балканот и Западот

Нема никаква дилема, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, беше главната ѕвезда на министерскиот Самит на ОБСЕ во Скопје, сакал некој да го признае тоа или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сергеј Лавров, кој е во фокусот на Самитот на ОБСЕ во Скопје

По комплицираното пристигнување во Македонија, поради санкциите, очекувано, Лавров ја искористи можноста да ги пренесе ставовите на Русија за инвазијата на Украина, иднината на ОБСЕ, но и за случувањата на Балканот, како и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е ОБСЕ

Лавров одржа и прес-конференција за која имаше голем интерес, а од Скопје меѓудругото посочи и дека сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од времето на распаѓањето на поранешна Југославија.

Новинарите го прашаа и како тој гледа на агресијата на Македонија од страна на Бугарија и дали позади тоа стои Русија.

-Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент.

И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави.

Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија.

Се сеќавам и дека претседател на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој го испровоцира Лавров во Скопје?

Подвлече и дека Западот отсекогаш имал интерес да ги подбуцнува народите овде едни против други.

-Уверен сум дека народите на Балканскиот Полуостров минаа тешки историски премрежја, имаат заеднички код и не смеат да бидат поразени и да му дозволат на Западот да станат непријатели едни со други, рече Лавров и ги охрабри етничките групи на Балканот да живеат мирно и да ги сузбијат сите националистички амбиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Со кој се сретна Лавров во Скопје?

Рече и дека Русија не ја смета Македонија за непријателска држава, иако нашата земја е на листата на непријателски земји, која ја направи Русија, откако ја нападна Украина.

-Нема непријателски држави и народи, има влади кои се непријателски. Владите носат одлуки, кои се помалку пријателски… Имаме пријателски чувства кон македонскиот народ. Овде сум два дена, го гледам вашиот народ по улиците, во хотелот.

Можам да ја почувствувам нивната топлина, но и нашата кон Вас, рече Лавров на прес-конференцијата.

Го спомна и Охрид.

-Многу ми е убаво овде во Македонија. Тука сум бил одамна во Охрид, фантастичен град. И амбасадорот ми кажа дека требало да се затворат некои цркви затоа што немале посетители.

Јас толку убаво се чувствувам во Охрид, се чувствувам дека сум поблиску до Бога, рече Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Лавров слета во Скопје, Блинкен одлета

Бугарија не дала дозвола, авионот на Лавров стигнал во Скопје преку Грција и Турција

Фото: Руска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата „ЗНАМ“ на Димитриевски за неколку часа ги собра потписите за регистрација

Редакција

(Видео) Анестизиолог снимаше во живо на Тик Ток пациентки и персонал од тетовската гинекологија, полицијата го приведе

Редакција

Од корона вирусот почина пациент од Тетово на 47 годишна возраст

Редакција