Наскоро освен запленет имот на Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на поранешната Управа за безбедност и контрараразузнавање (УБК), на продажба ќе оди и имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
20 станови, 4 апартмани и земјиште на Мијалков наскоро ќе се продаваат на лицитација
Како што објави телевизијата Телма станува збор за два стана на улицата “Бихаќка“ во Скопје, три апартмани во „Панорама резиденс“, како и плацеви на Водно, односно градежно земјиште во Центар и Норово.
Имотот кој оди на продажба е проценет на околу осум милиони евра, а истиот е одземен со правосилни одлуки.
Становите и апартманите се проценети на 1,9 милиони евра, а плацевите на Водно на 5,8 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конфискуваните парцели на Груевски вредат 5,8 милиони евра
(Фото) Груевски фотографиран со непозната жена во Будимпешта
Груевски нема да лежи затвор за набавката на фамозниот владин мерцедес
Фото: Груевски/Фејсбук