Во последното деноноќие имало вкупно 40 пожари, од кои 25 се изгаснати, а шест се ставени под контрола. Активни се девет пожари, од кои два во општина Македонски Брод, кај селото Слатина и кај селата Тажево – Брезница и ЈП „Јасен“, во Демир Хисар, Чашка, Петровец, Студеничани, Кичево, Дебар и Охрид, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се ставени пожарот во гевгелиското село Негорци, каде гореше нискостеблеста шума, прнар и борова шума, во Општина Кичево, кај селата Зајас и Бачишта, каде беше зафатена мешана шума и во Општина Кочани, кај месноста викана Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква, каде гореше букова шума.
Под контрола е ставен и пожарот во Општина Македонски Брод, кај село Слатина, во Општина Пласница, кај село Пласница пожарот е изгаснат, а во село Латово се уште чади. Под контрола е ставен и пожарот во депонијата во Делчево, каде гореше ѓубриште.
Фото: ЦУК