еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанија попушти, Фреди Белери, поради кој се скара со Грција, пуштен од затвор

Албанија попушти. Фреди Белери (52), поранешниот градоначалник на Химара, преставник на грчката заедница, поради кој земјата се скара со Грција, денеска е пуштен од затвор.

Тој како што пренесуваат албанските медиуми добил условно ослободување. До крајот на отслужување на казната имаше уште шест недели.

Белери доби двегодишна затворска казна поради обвинување за купување гласови на последните локални избори во Албанија, на кои доби нов мандат како градоначалник, а во меѓувреме стана и европратеник како кандидат на владејачката грчка партија Нова Демократија.

Тој се уште нема дадено заклетва за нов градоначалнички мандат.

Случајот ги влоши односите помеѓу двете земји, а Грција се закани дека истиот ќе влијае на европскиот пат на Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фреди Белери кој ги скара Грција и Албанија од затвор стана европратеник

Потврдена затворската казна за градоначалникот Белери, односите помеѓу Грција и Албанија дополнително ќе се влошат

Фото: Фејсбук/Белери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски со совети пред почетокот на второ полугодие: Училниците да се проветруваат пет минути по секој завршен час

Редакција

(Фото) Во Штип поставен споменик „Магичен конец“ во чест на текстилните работници

Редакција

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР, врачена му е вербална нота оти ја стави Македонија на листата на непријателски земји

Редакција