Во сабота во 13 часот ќе се одржи Централно собрание на владејачката Алијанса за Албаниците (АА), по кое ќе биде појасно што ќе се случи со партијата, која деновиве е во фокусот на јавноста, поради несогласувањата на претседателот Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села, како да настапи на изборите, самостојно или во коалиција со Беса, Алтгернатива и Демократското движење.
Поканата до членовите на Собранието е испратена и потпишана од организацискиот секретар на партијата, Исен Шабани, а на документот за одлуката за свикување на состанокот и за дневниот ред е потпишан претседателот на Централното претседателство на партијата, Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на Алијансата за Албанците
Прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата за политичките случувања во врска со престојните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21. октомври минатата година, според која партијата на изборите треба да настапи самостојно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?
Уште еден министер застана зад Таравари во несогласувањата со Села
Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?
Фото: АА