Од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) сметаат дека анкетниот лист на лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче е целосен и ја запираат постапката за овој случај.
Од таму сметаат дека во истиот нема прикривање на податоци.
Освен неговиот имот, бил проврен и имотот на членови на неговото семејство.
Целата содржина на одлуката ОВДЕ.
ДКСК отвори предмет за анкетниот лист на Филипче лани, кога од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за нерегуларности во неговите анкетни листови од 2018 и 2024 година.
Тој пак за обвинувањата изјави дека неговиот анкетен лист е идентичен, односно кога ќе се видел вкупниот имот се работело за иста квадратура, а единствената разлика била во начинот на пријавување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.