еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Апликацијата „Bitola City Bus“ на битолчани ќе им овозможи следење на моменталната состојба на автобусите

Граѓаните на Општина Битола и сите посетители на општината, од денес имаат можност за следење на моменталната состојба на автобусите на линиите кои ги одржуваат, преку апликацијата „Bitola City Bus“.

Оваа апликација е донација на Општина Битола од Ротари клуб Битола, во вредност од 1.500.000 денари за „Зелена Битола“.

Проектот, за кој општината покажа голем интерес, вклучи: набавка и инсталација на 14GPS уреди во автобусите на општинскиот линиски превоз, изработка на апликација за мобилни телефони (Android и iOS) „Bitola City Bus“, веб страна и веб домејн bitolacitybus.mk, печатена сигналитика (во форма на мал постер или ознака) на примарните автобуски постојки за постоење на апликациите и вебсајтот, хостирање на апликациите во облак и одржување на мрежно поврзување на GPS уредите (мобилен интернет), 14 SIM картички и тековно одржување на техничкото решение.

„Низ проектот „За зелена Битола“ придонесуваме во креирање на чиста и зелена Битола и подобрување на целокупниот квалитет на животната средина во градот.

Промовираме и поддржуваме одржливи практики и вклучување на заедницата. Демонстрираме водство во сферата на екологијата. Покренуваме иницијатива за поттикнување на користењето на јавниот градски превоз, оставање на возилата и делување за почист воздух, здрава средина и зелена Битола“, рече на денешниот настан за промоција на апликацијата, проф д-р Јасмина Буневска од Ротари клуб Битола.

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: МНР објави корисни информации за нашите граѓани кои корона вирусот ги затекна во странство

Редакција

(Фото) Автомобил падна во канал на влезот во Кочани, возачот се здобил со повреди на главата

Редакција

Во Тетово нападнат и повреден полицаец кој бил на интервенција со службата за подигнување возила

Редакција