Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети денеска не се огради од својот соопартиец Артан Груби, кој САД го стави на „црната листа„ заради примање поткуп за влијание врз судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, ќе се истражува и кој ги поткупил
Тој кажа дека неговата партија не ја оспорувала одлуката на американскиот Стејт департмент, но Груби имал право на жалба и ќе го водел процесот со факти.
-Оваа право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект, ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска“, рече меѓудругото Ахмети.
Ако се утврдила вина кај Груби, тој самиот ќе се повлекол од сите партиски функции и немало да има потреба партијата да го отстранува, посочи Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби, кој е ставен на „црната листа„ на САД
Фото: Груби/Фејсбук