Се уште не се знае каде е точно поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ, кој избега од Македонија, а е осомничен за криминал тежок осум милиони евра во Државна лотарија, за што доби и притвор од 30 дена, а за него има и меѓународна потерница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали
Претходно заврши и на „црната листа“ за примање поткуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сѐ освен Артан Груби и Енвер Беџети е на „црната листа“ на САД
Познато е дека Македонија ја напуштил преку Граничниот премин „Блаце“, со дипломатското возило на сопственикот на Нептун и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фокус, повикувајќи се на високи владини извори објави дека македонската Влада и надлежните институции располагаат со информации дека Груби не се задржал на Косово, туку заминал за Албанија, каде моментално престојувал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити потврди: Бегалецот Груби е во Албанија
Тој се наоѓал во место во близина на Драч, покрај Јадранско море, во објект кој не е во негова сопственост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Груби бара да му се укине притворот од 30 дена
Бегалецот Груби користел полициско обезбедување
Кои адвокати ги ангажираа Груби и Бајрами
Фото: Влада