Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во соработка со Факултетското студентско собрание на Стоматолошки факултет и Универзитетското студентско собрание на УКИМ, за првпат организира иницијатива со која на сите студенти на УКИМ им се нуди можност за бесплатни стоматолошки прегледи и интервенции, информираат од таму.
Оваа иницијатива има за цел да го унапреди студентското здравје и да им обезбеди пристап до квалитетна стоматолошка нега, под надзор на врвни професионалци.
Студентите ќе можат да добијат бесплатен стоматолошки преглед и соодветни третмани, вклучувајќи санација на кариес, чистење на забен камен и други интервенции.
Пријавувањето се врши преку следниот линк: forms.gle.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.