еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бројни пребарувања на огласите за работа во странство

Во текот на мај, на pazar3.mk имало голем број на пребарувања на огласи за работа во странство, велат од таму за еМагазин.мк.

Како трендинг локации при пребарување на огласи за работа во странство се Англија, Хрватска, Германија.

Работа во Англија

Англија се уште ја одбираат како една од дестинациите за работа во текот на летниот период, а причина е месечна плата од 1.500 до 2.500 евра. Англија нуди работни места во областа на земјоделието, сточарството, полјоделството, угостителството итн. Во Англија може да се остане на работа од 3 до 6 месеци во зависност од договорот со агенцијата, работодавците, визата, итн.

Работа во Хрватска

Хрватска е една од најбараните дестинации за работа во летниот период. Најбарани се келнери, шанкери, кувари, собарки. Месечната плата во Хрватсла се нуди од 800 до 2.000 евра. Освен во угостителство, работа има и во градежништво. Предност е близината и тоа што најголем дел од луѓето го познаваат јазикот.

Работа во Германија

Германија е во топ три барани дестинации за работа во странство. Платите се движат од 1.000 до 2.500 евра.Минимум работни часа се осум, а најголем дел од работодавачите нудат и сместување, некои и платен еден оброк во ден во зависност од агенцијата која посредува и од тоа каков договор имате со неа. Огласи за работни места од угостителство до сточарство и градежништво.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Матеја Тревен именувана за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Редакција

Димитров: Постои обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи

Редакција

Кој е Иџет Мемети, кој остана без пасош поради случајот со судијата Георгиев

Редакција