Кристал 1923 АД Велес во Годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, ги објави и платите на членовите на Одборот на директори.
На извршниот директор Горанчо Лазов, вработен во Друштвото на име надоместоци лани му е исплатен бруто износ од 9.130.836 денари.
На име премија за менаџерско осигурување му е исплатен износ од 586.710 денари.
Тој е член и на Надзорниот одбор на Пакомак, па по основа на членување таму, лани му е исплатен надоместок од 111.111 денари бруто.
Румен Смилевски, неизвршен член на Одборот на Кристал 1923, кој е вработен во ДПТУ Малина 99 извоз-увоз ДООЕЛ Велес лани на име плата таму имал бруто примање од 403.600 денари.
За членувањето во Одборот на директори на Кристал 1923 лани добил бруто износ од 133.332 денари.
Софија Лазов, вработена во Кристал 1923 и неизвршен член на Одборот, лани на име плата добила бруто износ од 727.434 денари.
За надоместок за членувањето во Одборот лани добила 133.332 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Кристал 1923„ дупло го зголеми надоместокот на неизвршните членови на Одборот на директори