Во Куманово за денот на албанско знаме освен што беа оштетени шест автомобили, откорната е и таблата на Конзулатот на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме
Истата како што се гледа на снимка од безбедносната камера е откорната од момче завиткано со албанско знаме.
За сериозниот инцидент јавноста ја информираше српската Амбасада.
View this post on Instagram
Од таму изразуваат длабока загриженост за “сквернавење на симболите на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово“.
„Особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и станбени објекти наменети за членовите на персоналот на Република Србија не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на Република Северна Македонија“, стои во соопштението на Амбасадата.
Од таму повикувајќи се на снимката која го открива идентитетот на сторителот очекуваат од македонските власти брзо расчистување на овој инцидент.
„Амбасадата на Република Србија останува посветена на негување пријателски односи со Република Северна Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат сè за да се реши овој случај на адекватен начин“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Уништено македонското знаме на прослава на албанското знаме во Скопје
Видео: српска Амбасада/Нетпресс