Во пожарот во т.н. дискотека во Кочани животот го загубија најмалку 59 лица.
Меѓу загинатите е и момчето Виктор Јорданов од Кочани, кој како што споделуваат на социјалните мрежи, останало да спасува настрадани во пожарот.
„Во моментот кога пламенот се закануваше да проголта се, Виктор Јорданов не се повлече. Тој застана храбро, исправен пред стихијата, решен да спаси што повеќе животи, додека самиот остануваше зад сите.
Виктор, твоето срце престана да чука, но твоето дело ќе живее вечно. Почивај во мир, хероју„, стои во информацијата на социјалните мрежи, заедно со видео откако се случил пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца
Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица
Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани
Фото: Радио Кочани/видео: Фејсбук