Вчерашното невреме во скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион поплави куќи, дворови, подруми, улици, сруши бандери, столбови и дрвја, оштети покриви и автомобили, откачи олуци и лимови…
Во одредени населени места, како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), невремето предизвикало и прекин на струја.
Во тетовско бил блокиран локалниот пат за селото Вејце на Шар Планина, а од синоќа во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка од местото викано Осички мост до Технички преглед поради нанос на песок од невремето, информираа од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Поплавен и отсечен е и патот кај кривопаланчекото Село Станци со околните места, како и ул. „Петар Драпшин бор“ 44 – Куманово.
Видео: ТВ21/Intervista