И денеска во Кочани, се одржа „Марш на ангелите“, шестти по ред, на кој семејствата на загинатите и повредените во пожарот во т.н. дискотека и граѓани, побараа неселективна правда, но и подобри услови за лекување на преживеаните.
Жителите на градот бараат и поголема помош за Кочани, за кој велат дека е заборавен од државата.
Во пожарот загинаа 62 лица, а беа повредени 203, од кои 11 се уште се лекуваат во странство.
На голем дел од повредените ќе им треба подолг процес на заздравување, кој ќе трае и до две години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вознемирувачки фотографии од повредени во пожарот во Кочани објави Support Kocani
Фото: Игор Бансколиев/видео: Мета
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.