еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ги повика медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на загинатите во Кочани да ги отстранат и да не ги шират

Од Владата упатија апел до медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите во трагедијата во Кочани, спротивно на препораките, да ги отстранат содржините и да не ги шират

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен безбедносен протокол за денешните погреби на загинатите во пожарот во Кочани

-Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи.

Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние кои објавиле такви содржини уште еднаш апелираме да се придржуваат до етичкото информирање.

Чувствителноста на трагедијата и личната болка на семејствата во овој момент не треба да биде мета на сензационализам, емотивни наративи, фотографии и видеа.

Ги повикуваме медиумите да ги почитуваат приватноста и достоинството на семејствата и во никој случај со медиумското известување не треба да се предизвика лично вознемирување и вознемирување на јавноста.

Уште еднаш упатуваме апел до медиумите да пренесуваат проверени факти, да избегнуваат шпекулации и дезинформации, да ја запазуваат приватноста на семејствата на жртвите.

Во исто време им се заблагодаруваме на медиумите кои известуваа професионално и ги почитуваа препораките за известување од погребот на жртвите од трагичниот настан, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку македонски медиуми не го испочитуваа безбедносниот протокол за известување од погребот на загинатите во Кочани

Неетичко известување од регионални медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани

Порталите од здружението Онлајнмедиа нема да ги снимаат и фотографираат испраќањата на загинатите во кочанската трагедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уранија Пировска: Јас не знам како да ја сфатиме изјавата на Заев за национално помирување освен како амнестија

Редакција

(Вознемирувачко видео) Украинците убиваат руски заробеници, Њујорк тајмс ја потврди автентичноста на снимката

Редакција

Вкупно 3.473: Од Ковид-19 починаа 25 лица

Редакција