еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Владата донесе одлука за враќање на старата цена на осигурувањето при регистрација

Владата ги разгледа и усвои предлог – измените и дополнувањата на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица, со што се враќа старата цена на осигурувањето при регистрација.

“Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност.

За износ на трошоците над 30%, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Одлуката на Владата значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25. април 2024 година,” информираа од Владата.

Дополнително е утврдено дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, најдоцна до 30. септември, секоја година, до Владата ќе доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се враќаат старите цени за осигурување на регистрација на возила?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа беше поплавена заради климатските промени: Екстремните врнежи ќе станат редовна појава

Редакција

(ВИДЕО) Постои опасност од рушење на дел од браната Липа во неготинско

Редакција

80,7 од починатите од Ковид-19 со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција