еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Возило излетало на пруга, во спасувачка акција извлечени две лица

Едно лице се здобило со тешки повреди, откако возило во текот на вчерашниот ден, излетало на железничка пруга, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Имаше брза, а ограничена со време, спасителна комбинирана акција за извлекување две повредени лица при сообраќајна несреќа. Нивното возило излетало на самата пруга, едното лице било потешко повредено.

Се отстранувало хаварисаното возило од пругата до наредно поминување на воз Велес – Градско, меѓу 15.08 и 17.30 часот. Покрај пожарникарите, полицијата и Итната медицинска помош, на терен интервенирале и екипи на „АМСМ“, Јавното претпријатие „Македонски железници и инфраструктури“,“ информираа од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почната постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија

Редакција

„Виз ер“ нуди загарантирана база во Скопје за капетани

Редакција

Скопјанка си ја бара 18-годишната ќерка

Редакција