еМагазин
Image default
Бизнис

Во декември издадени помалку одобренија за градба

Државниот завод за статистика соопшти дека во декември лани се издадени 293 одобренија за градење, што е за 4.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.401.489 илјади денари, што е за 9.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 133 (45.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 90 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 70 (23.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 293 објекти, на 151 (51.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (48.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 439 станови, со вкупна корисна површина од 35.489 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка распродава лускузни автомобили

Редакција

Вакцините за Ковид-19 македонските граѓани ќе ги чинат 6,7 милиони евра

Редакција

Кои фирми поврзани со Сергеј Самсоненко и Ратка Камчева се ставени на црната листа на САД

Редакција