еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во Лидл во Македонија веќе работат над 100 лица

Германската компанијата за малопродажба Лидл денеска ја престави својата најголема инвестиција во Македонија, логистичко-дистрибутивниот центар, кој наскоро ќе почне да се гради во индустриската зона „Речица“ кај Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Лидл почна со изградбата на логистичкиот центар во Куманово, ќе користи струја од обновливи извори, а отпадот ќе го рециклира

Генералниот директор на Лидл Северна Македонија, Рубријан Хаџиев меѓудруго соопшти дека во земјава веќе се вработени над 100 лица.

„Денеска ја претставуваме нашата најголема инвестиција во Северна Македонија, нашиот логистичкиот центар. Лидл Северна Македонија е дел од меѓународното семејство на Лидл и овде, заедно со нашиот тим, кој во моментов брои повеќе од 100 вработени, сакаме да го имплементираме искуството што го стекнавме во повеќе од 30 земји со ист стандард и ист квалитет.

Ќе инвестираме околу 80 милиони евра само во изградба на логистичкиот центар за да создадеме модерен и одржлив објект, според најновите градежни стандарди. Лидл е одговорен, сигурен и фер партнер и за купувачите и за своите добавувачи.

Дел од нашата корпоративна политика е воспоставување долгорочна и сигурна соработка со локалните производители“ изјави Хаџиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маркетот на Лидл во Кавадарци ќе почне да се гради најдоцна до април

Маркетот на Лидл во Битола ќе биде изграден до следното лето, до него ќе има и трговски комплекс

Кој е Лидл

Лидл Северна Македонија е дел од компанијата за малопродажба Лидл, која е една од водечките компании во прехранбената индустрија во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12.200 продавници и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја.

Како супермаркет со пониски цени, Лидл го вреднува оптималниот сооднос цена-квалитет за своите потрошувачи. Едноставноста и посветеноста кон процесот ги одредуваат секојдневните делувања во продавниците, регионалните дистрибутивни центри и услугите на компанијата. Lidl Stiftung, како даватели на системски услуги, со седиште во Некарсулм, е одговорен за креирање и структурата на стандардизираните процеси.

Лидл моментално има околу 376.000 вработени на меѓународно ниво. Динамичноста во секојдневното работење, силата и правичноста во меѓусебните односи го карактеризираат функционирањето на компанијата низ целиот свет. Лидл Северна Македонија досега вработува околу 100 лица и континуирано регрутира нови квалификувани профили од различни области и за различни работни позиции, посочуваат од компанијата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски за францускиот предлог: Еве кои елементи од него се клучни, за да биде прифатлив за нас

Редакција

(Галерија) Со бесплатно скијање започнува скијачката сезона на Попова Шапка

Редакција

Каков имот пријавил Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија на СДСМ

Редакција