еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Годишната стапка на инфлација забрза во ноември, заради цените на храната

Годишната стапка на инфлација очекувано забрза во ноември и изнесува 4,3% (3,5% во октомври), заради цените на храната, информираат од Народна банка.

„Ова во голем дел се објаснува со пониската споредбена основа од истиот период минатата година, заради мерките преземени тогаш за привремено ограничување на растот на цените.

Притоа, базичната инфлација бележи забавување на годишна основа, а има и натамошен пад на цените кај енергетската компонента. Ефектите од споредбената основа кај цените на храната ќе имаат продолжено влијание, односно до крајот на годината се очекува задржување на годишната стапка на инфлација близу до минатомесечното ниво.

И покрај ваквите движења, во просек за целата 2024 година се очекува дека инфлацијата ќе изнесува 3,5%, односно во рамките на проектираната стапка, според октомврискиот циклус проекции,“ велат од Народна банка.

Од таму додаваат дека во анкетите на ЕК за очекувањата на потрошувачите и натаму преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на берзанските цени на примарните производи, според најновите прогнози тие се ревидирани надолу, во согласност со намалената глобална побарувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка ја намали каматната стапка за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%

Инфлацијата во ноември 4,3%

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на партиите, вели Куновска по ставањето на Мерко на црната листа

Редакција

Албанскиот фудбалер им се извини на Македонците без да ги спомне

Редакција

Столтенберг со предупредување: Следните денови ќе донесат уште поголеми неволји, Русија може да употреби хемиско оружје

Редакција