Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, си поднесе оставка, а за тоа информираше на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот Папазов, кој си поднесе оставка, бил на распит во полицијата
Вчера не сакаше да коментира кога за оставка го прашаа новинарите. Најави и прес-конференција која не се случи.
Оставката ја даде под големиот притисок на јавноста и ни по 24 часа по трагедијата не се појави пред граѓаните.
Во пожарот во т.н. дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица
Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца
Фото: Фејсбук/Папазов
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.