еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција нема да ги ратификува меморандумите со Македонија од Договорот од Преспа

Грција, како што најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повторно нема да ги ратификува трите меморандуми со Македонија, кои се дел од Договорот од Преспа.

Станува збор за меморандуми кои се однесуваат на процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, економска соработка меѓу Грција и Македонија и надзор над воздушниот простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИРИЗА ги поднесе меморандумите со Македонија, Грција ќе покаже на дело колку го почитува Преспанскиот договор

Истите вчера по вторпат, шест години од потпишувањето на Договорот, повторно се на дневен ред во грчкиот Парламент, а истите во форма на предлог закони ги достави опозициската СИРИЗА.

„Жал ми е што господинот Каселакис ги усвојува најлошите навики на неговиот претходник. Ги истакнав проблемите од Договорот од Преспа, бидејќи договорот ги утврдува термините „македонски“ и „македонски јазик“. Ја предупредив и новата влада во Скопје со јасна изјава дека секое отстапување од Договорот од Преспа ќе има сериозни последици и во односот со нас и во однос на патот кон Европа.

Во однос на меморандумите, СИРИЗА сега бара да ги ратификуваме меморандумите и да го откажеме најосновното оружје што го имаме за почитување и спроведување на договорот. Она што СИРИЗА од нас го бара е чин кој ги достигнува границите на апсурдноста, изјави Мицотакис во интервју за грчката провладина телевизија Скај..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нема ни северна, ни јужна, Македонија е една и грчка: Претседател на грчка партија во Парламентот го искина Договорот од Преспа

Тој беше прашан и за кинењето на Договорот во грчкиот Парламент од страна на претседателот на грчката партија „Грчко решение“, која има 12 пратеници, Кирјакос Велопулос.

Мицотакис одговори дека не сака да ги коментира „патриотските испади на Велопулос, кој има направено кариера врз овие прашања“ и рече дека граѓаните сфаќаат што значи „одговорен патриотизам и кои се патриоти во пракса“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Првата дама Ѓоргиевска на пазарче

Редакција

СДСМ потврди 4 кандидатури за претседател на партијата, на Златко Ристевски не е прифатена

Редакција

Не очекува сушна есен со просечни температури, септември топол и без дожд

Редакција