Нов гувернер на Народната банка во македонското Собрание ќе се избира на седница на 28. мај.
Кандидат за таа функција, како предлог на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, што е дел од процедурата, е актуелниот претседател на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии, Трајко Славески, од ВМРО-ДПМНЕ.
За да биде избран потребни се 61 глас „за„, а имајќи го во предвид актуелниот распоред на „силите„ во Собранието, тој најверојатно ќе биде избран и ќе дојде на местото на Анита Ангеловска Бежоска, чиј мандат заврши на 21. мај.
Гувернерот има мандат од седум години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Трајко Славески, предлогот за нов гувернер на Народна банка
Трајко Славески: На Груевски уште од почеток му кажав дека за Мијалков прави голема грешка