Сандра Дејановска Крaстев е Македонка која моментално живее во Англија со сопругот и двете мали деца.
На 07.07.2020 година ѝ бил дијагностициран метастатски карцином на дојка (метастази на коските, лезии на црниот дроб).
„Поради нејзината дијагноза добивме позитивни повратни информации од болницата во Турција и тие се подготвени да ја прифатат Сандра како пациентка за да се бори и лекува со ракот со веќе подготвен план за лекување за неа.
Сандра е жена со непоколеблива желба да живее и да се грижи за своите две деца. И покрај предизвиците на хемотерапијата, нејзината решеност да се бори со ракот е упорна.
Сепак, финансискиот товар на лекувањето го загрозува нејзиниот сон,“ се вели во апелот за помош.
Телефонските броеви и сметките за помош се во прилог:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сандра Дејановска Крастев има редок тип на рак, потребни се средства за лекување во Турција
Отворени телефонски броеви за собирање на донации за лекувањето на Сандра Дејановска Крастев