Двајца малолетници се удрени на пешачки премин на Партизанска, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р. (26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. „Партизански одреди” во Скопје со патничко возило „ауди“ со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.
Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка,“ велат од МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.