еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајца починати од Ковид-19 во Македонија за една недела

Во периодот од 19 до 25. август во Македонија две лица починале од Ковид-19, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови

Едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против Ковид-19.

Во текот на овој период се регистрирани 213 нови позитивни случаи, што е намалување од 21% во однос на претходната недела.

Со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица.

Досега вкупно во Македонија се пријавени 351.577 ковид случаи, а регистрирани се 9.995 смртни случаи.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Редакција

(Видео) Бојкот во Хрватска успешен, драматично намален прометот вчера

Редакција

Градинките ќе ги згрижуваат децата и во време на штрајкот, велат од Министерството за труд и социјална политика

Редакција